Фала му на Господ, па не си идиот!

89

Трофејниот стручњак, Луис ван Гал, по трет пат беше именуван за селектор на фудбалската репрезентација на Холандија. После срамното издание на „лалињата“ на последното ЕП 2020, елиминација од Чешка во 1/8 финалната рунда, Фудбалската федерација на Холандија донесе одлука дека треба да се стави крај на соработката со Франк де Бур, а Ван Гал донесе одлука дека треба да стави крај на неколкугодишното мирување.

Во септемврискиот квалификациски циклус Холандија забележа две победи (4:0 против Црна Гора и 6:1 против Турција) и едно реми (1:1 со Норвешка). Ван Гал направи неколку промени во почетниот состав и таквата одлука на крајот вроди со плод и со голема ефикасност.

По натпреварот против Црна Гора на социјалните мрежи се појави еден виде-клип од тренингот на холандската репрезентација. На видеото се гледа разговорот помеѓу трофејниот стручњак и стандардниот првотимец во дресот на Утрехт, Квинтер Тимбер.

Тимбер дојде до Ван Гал со намера да го поздрави и му пружи рака, а во следниот момент Ван Гал му одговори: „Јас сум вакциниран“.

Веднаш потоа Тимбер му одговори дека и он бил вакциниран, а Ван Гал му одговори: „Фала му на Господ, па не си идиот“.