Уште три борби и заминувам од ММА како најдобар на сите времиња

72

Шампионот во УФЦ, Русинот Хабиб Нурмагомедов, ги посочи своите тројца потенцијални следни ривали, борби по кои ќе може да ја прекине ММА кариера како најголем на сите времиња.

  • Не знам сега, но можеби Жорж Сент Пјер, Тони Фергусон и Флојд Мејведер. По овие три борби, можам да се откажам како најголем на сите времиња. Сент Пјер е многу големо име, ми се допаѓа што тој е потежок, а и малку е поголем од мене. Ако застанеме еден спроти друг, тоа мора да биде во лесна категорија, затоа што во средна ќе биде покрупен од мене. Тоа ќе биде паметна одлука за мене да се направи меч во лесна категорија. Тој е голем предизвик за мене, за мојата историја ќе биде чудно да се соочам со него, а моето мислење е дека тој е најголемиот во историјата на УФЦ, вели Дагестанецот во интервју за „Радио Сабмишн“.

Изминативе неколку месеци постојано се споменува за борба помеѓу Нурмагомедов и непоразениот боксер во лесна категорија, Флојд Мејведер, а свое видување на ова имаше и Русинот.

  • Мејведер веќе е стар. Ако зборуваме за борба против некои од младите лавови во боксот, тогаш „црно“ ми се пишува. На пример, со Канело или Головкин, тие двајцата се опасни. Мејведер веќе е 42 години и е многу големо име, па зошто да не, додаде Хабиб и дополни дека не е заинтересиран за реванш со Конор Мекгрегор, затоа што нивната прва борба не беше оспорувана и Ирецот беше поразен, така што е најмала шансата за нивен реванш.