Уште сме во игра за „скудетото“

28

Фудбалерот на Интер Ешли Јанг смета дека неговиот тим и покрај поразот од Лацио, има шанси да дојде до трофејот во Серија А. Интер во дербито на 24. коло загуби од Лацио на гости со 2:1. Стрелец на единствениот гол за Интер беше Јанг.

  • Го загубивме натпреварот. Јас повеќе би сакал да не постигнам гол и да победам, но сето тоа се случи. Имаме многу натпревари до крајот. Мора да го заборавиме овој пораз многу брзо и да се подготвиме за следниот натпревар. Се разбира, остануваме трка за титулата. Многу бодови се во игра, изјави Јанг.