Уште еден подвиг за неа: Олимпискиот факел ќе го носи и 102- годишната Мелани Вол

221
Mélanie Berger-Volle

Мелани Вол од југот на Франција, која има 102 години, на крајот на јуни ќе направи уште еден подвиг во животот, ќе го носи олимпискиот факел, јави радиото Франс Инфо.

Поранешната членка на француското движење на отпорот за време на Втората светска војна од Сент Етјен се уште има олимписка форма, но и железна волја.

На 16 години заминува во Австрија, потоа престојува во Белгија, а во Франција се приклучува на Движењето на отпорот.

Била затворена и мачена, но успеала да побегне.

„Ако сè уште имам можност да зборувам за Движењето на отпорот и за она што го направив, ќе го направам тоа. Мислам дека е неопходно“, рече Мелани Вол, која има навика да ги споделува своите спомени со студентите.

Француското радио не го прецизира датумот на нејзиното носење на факелот за Олимпијадата, која ќе се одржи од 26 јули до 11 август.