Екипата на Пелистер полека го склопува ростерот за новата натпреварувачка сезона, а последното име што пристигна во Битола е американскиот кошаркар Ренди Брумант, кој ќе игра на крилните позиции.
Брумант последната сезона ја мина во редовите на романски Таргу Џиу, а бележеше во просек по 15,9 поени, 4,7 скока и 4,4 асистенции по меч.
Ренди Брумант ќе биде третиот Американец во таборот на „зелените“ за новата сезона, откако претходно пристигнаа Малком Бернард и Кристијан Банди. Ламан Норман Џуниор не ги оправда очекувањата и не е повеќе во тимот.
Пелистер за оваа сезона потпиша и со тројца македонски кошаркари: Александар Костоски, Амар Хот и Лука Стојановски.