Уште двајца учесници во насилствата во Собранието добија 30-дневен притвор

35

Судија на претходна постапка определи 30-дневен притвор и за лицата М.М и С.М. поврзано со настаните од 27 април во Собранието на Република Македонија.

– Во текот на вчерашниот ден пред судија на претходна постапка во Кривичниот суд беа спроведени две лица опфатени со предлогот на ОЈО за определување мерка притвор, а поврзано со настаните од 27 април во Собранието на Р.М., за кои по произнесување на спроведените лица во однос на предлогот, судија на претходна постапка донесе решение со кое го прифати предлогот на обвинителството и на М.М и С.М. им определи мерка притвор во траење од 30 дена, соопшти Кривичниот суд. 

Против овие неправосилни решенија, како што посочуваат од Судот, странките имаат право на жалба до Кривичниот совет на овој суд во рок од 24 часа по приемот на решенијата.

Со претходно одредените тринаесет 30-дневни притвори, бројот на притворени се зголеми на 15. Шест лица добија мерка куќен притвор.