Училиштата во Илинден подготвени за учебната година според сите протоколи

683

Согласност за настава со физичко присуство добија двете подрачни училишта на ООУ „Браќа Миладиновци“ во Мршевци и Текија и подрачните училишта на ООУ „Ристо Крле“ во Мралино и Бунарџик и тоа за ученици од четврто и петто одделение, додека во централните училишта за учениците од четврто до деветто одделение ќе се реализира моделот со учење од далечина, според Планот и Протоколот за одржување настава. Во сите Јавни општински образовни установи на територија на општината се поставени нови интернет конекциисо што се  исполнија и условите за брзо и квалитетно следење на воспитно образовниот процес во училиштата

Во централните и подрачните основни училишта во општина Илинден, најголем дел од учениците од прво до трето одделение ќе следат настава со физичко присуство, мал дел ученици ќе следат онлајн настава, за кој родителите писмено се изјасниле преку потпишување изјави спроведени од училиштата.

– Поради големиот број ученици во паралелките, наставата ќе се одвива во две групи според Планот и Протоколот за одржување на наставата – информираат од општина Илинден.

Согласност за настава со физичко присуство добија двете подрачни училишта на ООУ „Браќа Миладиновци“ во Мршевци и Текија и подрачните училишта на ООУ „Ристо Крле“ во Мралино и Бунарџик и тоа за ученици од четврто и петто одделение, додека во централните училишта за учениците од четврто до деветто одделение ќе се реализира моделот со учење од далечина, според Планот и Протоколот за одржување настава.

– Што се однесува до наставата во СОСУ „Илинден“ ќе се изведува преку моделот учење од далечина, додека практичната настава ќе се реализира со физичко присуство согласно одобрениот План и Протоколот за средно образование, практична настава, феријална практика и учење преку работа – велат од општина Илинден.

Оттаму нагласуваат дека во основното образование се планира комбиниран начин на оценување, што подразбира поддршка на учениците при реализација на настава на далечина преку следење на ученикот, како и повремени консултативни, односно менторски средби со ученикот во училница.

– За реализација на овие средби/часови, треба да се почитуваат протоколите за физичка дистанца и лична заштита, дезинфекција на просторијата/училницата итн., исто како за реализација на наставата со физичко присуство во училишта – потенцираат од општината.

За сите централни и подрачни училишта, како и во Средното општинско стручно училиште, биле набавени дезинфекциски средства, бесконтактни топломери и биле одбележени движењата на учениците во училниците и влезовите во училишните згради.

– Училиштата ќе ја користат целокупната информатичка технологија, целосно е подобрена интернет конекцијата за успешно и квалитетно пренесување на наставните содржини, како и ќе бидат обезбедени потребните материјали за непречено одвивање на наставата – истакнуваат од општината.

Оптички интернет за училиштата и градинките

Согласно препораките од Министерството за образование и наука (МОН), за одржување на онлајн настава во училиштата, поради пандемијата со Ковид 19, Општина Илинден во сите Јавни општински образовни установи на територија на општината обезбеди нови интернет конекции. Со новата интернет конекција се обезбедија и исполнија условите за брзо и квалитетно следење на воспитно образовниот процес во училиштата.

Во ООУ ,,Гоце Делчев” се инсталираше симетричен оптички интернет со брзина од 200 мегабити во секунда. Во ООУ ,,Ристо Крле” – Кадино поставен е интернет со брзина до 60 Мбпс, до почетокот на новата учебна година ќе биде инсталиран симетричен оптички интернет со брзина од 200 Мбпс. ООУ ,,Браќа Миладиновци” – Миладиновци доби интернет со брзина до 60 Мбпс, а СОСУ ,,Илинден” населба Илинден доби симетричен оптички интернет со брзина од 200 Мбпс.

Покрај училиштата, нови интернет конекции се инсталираа и во детската градинка ,,Гоце Делчев” во Илинден, каде се постави симетричен оптички интернет со брзина од 200 Мбпс и во новоизградената детска градинка во Миладиновци интернет се инсталираше со брзина до 60 Мбпс.