Учесниците во проектот „Паркирај совесно“ заминаа во летниот камп „Скоурас“

114

– Нашите идни совесни возачи денеска заминаа на заслужен одмор во летниот камп „Скоурас“ во Грција, информираа од јавното претпријатие „Паркинзи на Општина Центар“ на својата фејсбук-страница.

Преку едукативна игра и забава, дваесет средношколци од Скопје кои учествуваа во проектот „Паркирај совесно“ ќе стекнат нови знаења и вештини и ќе создадат нови пријателства и искуства.