Ученици сами си монтираа фотоволтаична електрана на покривот на СЕТУГС „Михајло Пупин“

93

Вицепремиерот Кочо Анѓушев го поздрави овој проект што го реализираа самите ученици финансиски поддржани од државата.

– Иако не е со голема јачина, фотоволтаичната електрана во ова училиште е важна од аспект на знаење. Овие ученици треба да бидат бидат идните техничари и инженери кои ќе треба да монтираат поголеми фотоволтаични електрани. Тие на овој начин ќе ја знаат основата. Ништо нема да биде поразлично, освен големината-нагласи Анѓушев

Средното електро-техничко училиште „Михајло Пупин“ е единственото во државата што на својот покрив има фотоволтаична електрана, проект на учениците финансиски поддржан со грант од Фондот за иновации и технолошки развој во износ од 270.000 денари, а преостанатите средства до 600.000 денари, колку што чини електраната се од буџетот на училиштето. Оваа електрана е со 42 панели и е со јачина од 12 киловолти.

Тоа, беше првата, а патрониот празник втората причина за свеченоста која денеска се одржа во ова училиште, а на која, освен ученици, професори, директорот на училиштето, Димитар Георгиев, присуствуваа и вицепремиерот задолжен економски прашања, Кочо Анѓушев, скопскиот градоначалник Петре Шилегов и директорот за Фондот за иновации и технолошки развој, Јован Деспотовски.

– Ова е можност учениците практично да се запознаат со обновливите извори на енергија. Иако не е со голема јачина, фотоволтаичната електрана во ова училиште е важна од аспект на знаење. Овие ученици треба да бидат бидат идните техничари и инженери кои ќе треба да монтираат поголеми фотоволтаични електрани. Тие на овој начин ќе ја знаат основата. Ништо нема да биде поразлично, освен големината – нагласи Анѓушев и додаде дека ваков вид на училишта треба да бидат иднината на образовниот систем и македонската економија, а конкретно ова училиште е расадник на вакви кадри.

Скопскиот градоначалник Шилегов истакна дека овој проект е доказ дека соработката со институциите може да вроди сериозен квалитет.

– Со поставувањето на фотоволтаичната електрана ќе се намалат трошоците за електрична енергија, а овој проект ќе биде инспирација за Градот да започе со примена на вакви и слични проекти – изјави Шилегов.

Директорот на Фондот за иновации и технолошки развој, Јован Деспотовски додаде дека тоа е показател дека државата стои зад овие млади луѓе.

(А.П.)  Фото: (Ѕ.П.)