Ученици од  Ротердам ни ја чистеа Детската клиника!

109

Во рамките на проектот на холандската невладина организација „Аут оф ареа“ средношколци од гимназија во Ротердам денес ја почнаа акцијата за расчистување на сметот и помош во вид мајсторски услуги во Детската клиника на Клиничкиот центар во Скопје.

Станува збор за 35 ученици од Ротердам кои се наоѓаат на последната година од нивните студии во билингвални училишта – англиски и холандски. Веќе десетта година по ред учениците ја практикуваат оваа волонтерска работа, одат и помагаат во разни установи за подобрување на нашите услови за работа!

Денешната активност беше со чистење на преполните канти за смет околу Детската клиника, собирање на сметот во паркчето, патеките и таканаречените тревници. Во Детската клиниката , младите ентузијасти  се зафатија со бојадисување на ѕидовите и украсување на ходниците. Акцијата на ротердамските средношколци во „средување на нашите обврски“ ќе трае до крајот на неделата.