Учениците од МБУЦ „Илија Николовски-Луј“, ученици од „Димитар Влахов” и „Златан Сремец”, подготвија новогодишна музичка честитка/ВИДЕО

142

Министерката за образование и наука Мила Царовска со видеообраќање, кое содржи композиција од учениците од музичкото училиште „Илија Николовски-Луј”  и ученици од „Димитар Влахов” и „Златан Сремец”, ја честиташе Новата 2021 година.

Новогодишните желби се посебни затоа што тие не инспирираат да станеме подобри. Една од овие силни желби е сите заеднички да создадеме квалитетно образование, коешто вложува во личниот развој на секое дете, а со тоа и во развојот на целото општество. Бескрајно сум благодарна и на децата од музичкото училиште “Илија Николовски -Луј”, и учениците од “Димитар Влахов” и “Златан Сремец”, коишто ни подготвија новогодишна музичка новогодишна честитка. Да веруваме силно дека 2021 година, ни носи промени на на подобро. Ви посакувам здравје, радост и просперитет!, напиша министерката Царовска.