Ученик од Србија  ги „измамил“ правилата: Во училиштето забраниле влез со шорцеви, па дошол во фустан/ВИДЕО

372

Ученик од Србија неодамна објави видео на TikTok, во кое покажува како ги „измамил“ правилата на своето училиште. Според коментарите на видеото, може да се заклучи дека се работи за гимназија во Србија, која на учениците им забранувала на часови да доаѓаат во шорцеви, па овој ученик решил да дојде на училиште во фустан.

Ученикот на TikTok го користи прекарот „@stribog36“, а со видеото објавил дека ги почитува сите правила. „Дали не смее да се доаѓа на училиште во шорцеви? Не е дозволено. Брат, јас доаѓам во фустан како маж. Ајде, избркајте ме„ Колку добро ми стои“, вели момчето во видеото

Неговата објава за неколку дена собра повеќе од 800.000 прегледи и над 100.000 лајкови. Во коментарите, „@stribog36“ открил дека фустанот го извадил од плакарот на мајка му, а следбениците имаа само зборови на поддршка: „Ова го нарекуваме вистински маж“, „Ни се допаѓа тип кој е уверен во својата машкост“, „Почит“, „Најсилен, одиш во омилени“, „Ти одговара“.

@stribog36Poštujem sva pravila♬ original sound – Stribog