Поранешниот УФЦ шампион во лесна категорија, Тони Фергусон, го минува најтешкиот период од својот живот. Имено, неговата сопруга, Кристина, побара од Судот да му одреди забрана за доближување, а причина за тоа е семејно насилство.
Фергусон се наоѓа во незавидна ситуација, бидејќи e психички нестабилен, а ова го потврди и првиот човек на УЦФ, Дин Вајт, додавајќи дека Тони мора да реши некои приватни проблеми пред да се врати во октагонот.
- Пред некое време тој ја демолираше својата куќа во Калифорнија, удирајќи со раце по ѕидовите по трите непроспиени ноќи. Веруваше дека некој му ставил компјутерски чип во неговата нога. Исто така ми се пожали дека некој се наоѓа во ѕидовите од куќата, па често пати зборува со „демони“, изјави еден од соседите на Фергусон.
Кристина Фергусон откри дека дури ниту неговиот тренер не успеал да го извлече од дома за да го однесе во болница, а работата да биде уште полоша, таа пред неколку месеци го пријавила во полиција откако го почувствувала чудното однесување на својот сопруг, кој во еден момент ја натурил со света вода.
Во јануари Тони бил пријавен и од неговиот татко, бидејќи од чиста мира го исфрлил како куче од својот дом.
Последната пријава пристигнала кога Тони го земал своето дете и ги променил сите брави на куќата за да не може Кристина да влезе. Таа неколку пати досега го советувала дека му е потребна стручна помош поради несоодветните постапки кои секојдневно ги прави, но тој не ги прифаќал советите.