Утрово најстудено во Лазарополе, Тетово и Скопје – Петровец

62

Во Лазарополе, Тетово и Скопје – Петровец утрово е најстудено, -2 степени, а најмногу снег, 12 сантиметри, има во Маврови Анови.

Како што информира УХМР, до 07:30 часот се измерени -1 степен во Берово, Куманово и Маврови Анови, 0 во Битола, Демир Капија и Попова Шапка,1 во  Скопје – Зајчев Рид, Струмица, Крива Паланка и Дебар, 2 во Штип, Велес, Охрид, Прилеп, Кавадарци и Претор, 3 во Крушево и 4 во Виница и Гевгелија.