Утре прекин на сообраќајот на патот Кичево-Охрид, кај село Врбјани

19

На патниот правец Кичево – Охрид кај село Врбјани после планинскиот превој Пресека, утре поради работи на пат (минирање) во период помеѓу 12 и 15 часот сообраќајот ќе биде во прекин 10 – 15 минути, соопшти АМСМ.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини вечерва е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

Од АМСМ препорачуваат прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и исклучително внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.