Утре почнува тридневна пролетна дератизација во Куманово

35

Општина Куманово утре и во наредните два дена ќе ја спроведе пролетната дератизација, третирање против глувци на подрачјето на градот. Со дератизацијата ќе бидат опфатени 1.600 шахти.

– Третманот ќе се изврши со поставување мамци во отворите од шахтите на постоечката канализациска мрежа, а ќе бидат опфатени и отворите што служат за собирање на атмосферска вода – информираат од општината.

Во случај третманот да не се изврши поради неповолните временски услови, ќе се одложи за наредниот период, за што граѓаните дополнително ќе бидат информирани. Препаратот што ќе се користи влегува во група на антикоагуланти и ќе биде во облик на парафински блок.

– Се предупредуваат граѓаните да не се движат во близина на поставените мамци, а во случај на наоѓање на родентицидот на отворено, да не го допираат – се наведува во соопштението.

Општина Куманово од буџетот на годишно ниво за дезинсекција против крлежи, дератизација против глувци и ларвициден третман против комарци што ќе се спроведат во неколку наврати годишно одовојува 600.000 денари без данок на додадена вредност. Во тендерот е наведено дека дезинсекцијата против крлежи ќе опфати 30.000 квадратни метри и ќе се спроведе два пати, дератизацијата ќе опфати 1.600 шахти во два наврата, додека ларвицитниот третман против комарци ќе се изврши на површина од пет хектари, три пати во текот на годината.