Општина Центар ги известува граѓаните дека утре истекува јавниот повик за еднократна парична помош за пензионерите.
Од Општина Центар информираат дека сите граѓани кои ги исполнуваат условите, се жители на општината и земаат пензија не поголема од 17.518 денари може да аплицираат и бидат корисник на оваа мерка.
Од локалната самоуправа потсетуваат дека доколку пензионерите кои сакаат да бидат корисници на оваа помош не се во можност барањето за повикот да го достават лично, во нивно име тоа може да го направи некој член од семејството или друг близок.
– Оваа помош која Општина Центар ја доделува доаѓа во вистинско време во пресрет на семејните слави и новогодишните и божиќни празници. Општина Центар ќе продолжи да вложува кај граѓаните кога им е најпотребно – посочуваат од општината.