Утре изложба на ДЛУМ „Експериментален цртеж“

42

Друштвото на ликовни уметници на Македонија под покровителство на Министерството за култура и Град Скопје, во склоп на „Скопско културано лето“, утре ќе ја отвори изложбата „ЦРТЕЖ – ЕКСПЕРИМЕНТАЛЕН ЦРТЕЖ“ во Уметничкиот Центар АРТ ХАБ во ГТЦ.

На изложбата учествуваат: Ана Спасова, Ана Трајковска, Ангелца Стоиљковиќ,Валентина Стевановска, Ѓорѓи Динев, Дејан Иванов Маргуш, Дијана Томиќ Радевска, Жани Гелевска Вељановска, Златко Глигоров, Ива Станковска, Јовица Мијалковиќ, Марија Мицова Гацова, Марија Светиева, Марјана Костојчиноска Узунчева, Нарциса Андреевска, Наташа Андонова, Пандора Апостолоска Саздовска, Сашо Саздовски, Стефан Димовски, Стефан Младеновски, Тања Таневска,Филип Фидановски.

Изложбата за посетители ќе биде отворена до 15.08.2020 година, а поединечно или најмногу во група од двајца ќе може да се посети според работното време на „Центар АРТ ХАБ“, односно од понеделник до сабота од 11 до 15 часот.