Утре без струја делови од Карпош, Кисела Вода и Аеродром

34

Без електрична енергија утре ќе бидат делови од општината Карпош, Кисела Вода и Аеродром, соопшти Регионалниот центар за управување со кризи.

Во периодот од 8:30 до 10:30 часот без струја ќе бидат корисниците на улицата “Никола Парапунов” во општина Карпош, од 13:00 до 15:00 часот дел од улиците “Дрезденска” и “Алжирска”, од 13:00 до 15:00 часот дел од улиците “Копенхагенска”, “Његошева”, “Софиска” и “Бриселска”, од 11:00 до 12:30 часот дел од улиците “Орце Николов”, “Андон Дуков”, “Титовоужичка” и “Рузвелтова”, сите во општина Карпош.

Во истата општина прекин во снабдувањето со струја ќе имаат корисниците од 11:00 до 12:30 часот дел од улиците “Бранислав Нушиќ”, “Шекспирова”, “Македонска Преродба”, “Веселен Маслеша” и бул. “8-ми Септември”, од 08:30 до 10:30 часот дел од булевар “Партизански Одреди” и дел од улиците “Шекспирова” и “Бранислав Нушиќ”, од 13:00 до 15:00 часот дел од Градски Парк во општина Карпош.

Без струја од 11:00 до 12:30 часот дел од улиците “Желево”, “Разловечко Растение” и “Волгоградска” и од 08:30 до 10:30 часот дел околу ул.”Скупи” ул. 14, исто така во општина Карпош.

Прекин во снабдувањето на електричната енергија во периодот од 08:30 до 12:30 часот на улицата “Ѓорѓи Капчев” броеви 7, 9, 11, 13, 15, 17 и 19 во општина Аеродром, а од 8:00 до 12:00 часот дел од улицата “Михаил Чаков” – броеви 1, 3, 5, 7 и 11 во општина Кисела Вода.