Утре без вода населбата Лисиче

66

Во населбата Ново Лисиче од утре ќе има прекин во водоснабдувањето поради изведување технички зафати.

Прекинот ќе биде до завршување на интервенцијата со која е предвидено да се инсталираат „затворачи” кои во иднина ќе обезбедат парцијален прекин на водоснабдувањето, односно само во деловите каде евентуално би се појавил дефект.

– Со ова ќе се надмине досегашниот проблем за прекин на водоснабдувањето во целиот реон – информираат од ЈП „Водовод и канаизација“.