Утре без вода корисниците на дел од улиците: „Максим Горки“, „Мито Хаџивасилев Јасмин“ и „Лермонтова“

37

Корисниците на дел од улиците „Максим Горки“, „Мито Хаџивасилев Јасмин“ и „Лермонтова“ утре од 08:30 часот нема да имаат вода.

Како што информираат од јавното претпријатие „Водовод и канализација“ причина за прекинот во водоснабдувањето е дефект на приклучна цевка на улицата „Максим Горки“, број 31.

Прекинот ќе трае до санација на дефектот.