Утре без вода дел од корисниците во Центар

125

Без вода, утре од 9 часот ќе бидат корисниците на улиците: „Светозар Марковиќ“, „Цицо Поповиќ“, „Истарска“ и дел од „Битолска“ и „Крушевска“ и Веро Џамбо.

Како што информираат од јавното претпријатие „Водовод и канализација“, прекинот во водоснабдувањето е поради дефект на затворач на улица „Светозар Марковиќ“, раскрсницата со „Цицо Поповиќ“.