Утре без вода дел од булеварот „Кузман Јосифовски Питу“

21

Прекинато водоснабдување утре од 9 часот ќе имаат корисниците на дел од булеварот „Кузман Јосифовски Питу“ (пред Народната банка), односно потегот од Народната банка до Железничка станица – Скопје, соопштија од јавното претпријатие „Водовод и канализација“.

Причина за прекинот на водоснабдувањето, како што посочуваат од претпријатието, е дефект на ПП хидрант на булеварот „Кузман Јосифовски Питу“ (пред Народната банка), и ќе трае до завршување санација на дефектот.