Успешно лансирање на два сателити за навигацискиот систем Галилео

405

Ракетата „Сојуз“ е успешно лансирана од центарот на Француска Гвајана со два сателити на системот за навигација Галилео.

Сојуз ВС26 е лансиран синоќа во 21.19 часот по локално време и покрај дождот.

Првично закажано за 1 декември, лансирањето беше одложено двапати поради метеоролошки услови и еднаш поради технички проблеми.

Целта на европскиот проект Галилео е да се намали зависноста од американскиот ГПС – глобален систем за позиционирање.

Планирано е проектот, кој чини околу осум милијарди евра, да има вкупно 30 сателити. Со последните два, досега се лансирани 28.