УСПЕШНА АДАПТАЦИЈА: “Аладин” ги урива рекордите на светските благајни

144

Најновата филмска верзија на Дизниевиот класик “Аладин” ја надмина заработката од 900 милиони долари од почетокот на прикажувањето, поточно од мај, што го прави филмот една од најуспешните адаптации.

Тој вчера достигна бројка од 879,3 милиони профит на светскиот пазар, со што се доближува до другите наслови на Дизни кои поминале профит од 900 милиони долари, како што се “Убавицата и ѕверот”, “Книга за џунглата”, “Алисата во земјата на чудата “, трите продолженија на филмот ” Пиратите од Карибите “.

Сепак, само еден ден потоа и на Аладин му успеа да се качи на врвот на листата на најуспешните и да заработи профит од речиси една милијарда долари. Во согласност со неговата сегашна доминација, “Аладин” е трет најголем филм на Дизни оваа година во светот, и тоа по хитовите со суперхерои “Одмаздници: Endgame” и “Капетан Марвел”.  “Аладин” веќе заработил 117 милиони долари за време на првиот викенд, а по седум недели оваа бројка се зголемила на 313 милиони долари.

Тој собрал поголем дел од својата заработувачка во Јапонија, околу 72 милиони долари, потоа 63 милиони во Јужна Кореја, 53 милиони во Кина, 43 милиони во Велика Британија …

“Аладин” е иво акциона адаптација на анимираниот филм од 1992 година а се базира врз истоимената арапска народна приказна од “Илјада и една ноќ” и француската интерпретација на Антоан Галанд.

Во главните улоги се Мена Масуд која глуми заедно со Вил Смит, а покрај нив играат и Наоми Скот, Марван Кензари, Навид Негахбан, Насим Педрад, Били Магнусен и Нуман Acaр.

Филмот е режиран од Гај Ричи, кој заедно со Џон Август работеше и на сценариото.