Усните се почувствителни од гениталиите: Помалку познати факти за францускиот бакнеж

49

Експертите веруваат дека страсниот „француски“ бакнеж има големо влијание врз нашето тело, го отстранува стресот, релаксира, ја подига самодовербата, па дури има сличен ефект како и вежбањето.

Дали сте знаеле дека постои наука која се занимава со проучување на бакнувањето? Има, и се вика филематологија. За време на бакнувањето, разменуваме вода, сол, протеини и околу 25 милиони микроорганизми со нашиот партнер. Една минута бакнување согорува 26 калории.

Француската агенција за состаноци спроведе истражување меѓу слободните – каков бакнеж им е омилен? Секој втор маж вели дека без страст нема совршен бакнеж, а ова се одговорите на испитаниците на уште неколку прашања:

– 63 проценти од нив рекоа дека би го одбиле бакнежот од партнерот што пие алкохол, повеќето дури и го мразат.

– 45 проценти рекле дека за нив е важна вештината за нежен допир на усните.

– 41 процент од самците би сакале да го научат својот партнер на уметноста на бакнувањето, доколку првиот бакнеж не бил најдобар.

– 7 проценти од испитаниците одговориле дека ќе бидат подготвени веднаш да ја прекинат врската доколку нивниот прв бакнеж не бил доволно добар.

Еве ги фактите за „францускиот бакнеж“:

1. Експертите веруваат дека страсниот „француски“ бакнеж има големо влијание врз нашето тело, го отстранува стресот, нѐ релаксира, ја подига самодовербата, па дури и има ист ефект како и вежбањето.

Имено, тие велат дека бакнежот што трае една минута троши 29 калории – што би било дури 780 калории за половина час, што е повеќе отколку што можете да изгубите со секоја физичка вежба. За споредба, тоа е количината на калории што ја внесувате со една и пол чоколада.

2. За време на „францускиот“ бакнеж, во телото се активираат околу 30 мускули. Исто така, додека се бакнувате, вашето тело лачи многу хормони и невротрансмитери кои го подобруваат расположението (на пример, адреналин, серотонин и допамин). При бакнување, срцето чука побрзо, а телото се полни со кислород.

Повеќе интересни факти за бакнувањето:

– Две третини од луѓето ја наведнуваат главата надесно додека се бакнуваат.
– Најдолгиот бакнеж е во времетраење од 58 часа, 35 минути и 58 секунди – според Гинисовата книга на рекорди.

– Филематофобија е страв од бакнежи и бакнување.

– Усните се почувствителни од гениталиите.

– Римјаните имаа три категории на бакнување: оскулум – бакнеж во образ, базиум – бакнеж во уста и саволиум – бакнеж со јазик.

– Постојат тврдења дека жената може да доживее оргазам додека се бакнува.

– Најдолгиот бакнеж во филмот траеше 185 секунди – се работи за филмот „Сега си во војска“.

– Има илјадници нервни завршетоци во устата (100 пати повеќе отколку на прстите) кои ја поттикнуваат желбата.

– Дури 40 проценти од мажите признаваат дека долгиот и сочен бакнеж е најдобрата увертира за водење љубов

– Има двапати шанса мажот да заврши во кревет со некој што се бакнува лошо отколку со жена. Ова значи дека вештината за бакнување е многу поважна за жените.

– Истражувањата покажаа дека мажите кои бакнуваат партнерка барем еднаш дневно, живеат во просек пет години подолго.

– Мажите и жените различно го доживуваат бакнувањето. Во фазата на додворување, повеќето жени нема да се согласат да имаат секс ако претходно не го бакнале својот партнер. За мажите, бакнежите не се пресудни за сексот. Сепак, мажите се оние кои обично започнуваат први со француски бакнеж.