Менаџерот на украинскиот боксер и светски шампион во тешка категорија во верзите ВБА, ИБФ, ВБО и ИБО,  Александар Усик, Александар Красјук, тврди дека неговиот пулен се уште ги чека парите од борбата со Ентони Џошуа.

Тие се бореа на крајот од септември, а Усик успеа да доминира над него и да победи со судиска одлука. Александар е поранешен неприкосновен шампион во полутешка категорија и е многу блиску до ова ретко достигнување во тешка категорија.

За жал, Џошуа има клаузула за реванш што веднаш се активира и не можеме да има борба меѓу Усик и Тајсон Фјури за апсолутен шампион во тешка категорија.

-Никој не го погоди хонорарот на Александар. Сите бројки што поминаа во печатот се претерани. Ниту една од сумите нема врска со реалноста. Александар сè уште не добил хонорар за борбата со Џошуа, изјави Красјук.

Во рок од два месеци од првата борба се врши целосна исплата за сите ППГ-а, а дури потоа се пресметува и исплаќа платата, заврши Красјук.

Александар Усик и Ентони Џошуа повторно ќе се сретнат во рингот во март или април наредната година. Но, се уште не е познато местото каде  што повторно ќе ги вкрстат ракавиците. Џошуа сака тоа да биде Британија, но Усик не се согласува и сака овој пат да се борат во неговата земја.