„Ултиматум, не благодарам!“ – протест пред Владата против францускиот предлог/фотогалерија

60

Пред Владата вечерва се одржува протест против прифаќањето на францускиот предлог за тргање на бугарското вето и отворање на преговорите за членство на Северна Македонија во ЕУ.

Протестот под мотото „УЛТИМАТУМ – Не благодарам“ е поддржан од повеќе политички партии и граѓански организации. Тие се против тоа Владата да го потпише францускиот предлог кој, како што истакнуваат, е исклучително лош за македонскиот народ и македонските национални интереси.

Фото:П.Стојановски