Проблемот со џепна кражба е изразен во Сараево во последните неколку години, на мета најчесто се туристите, а џепчиите најчесто „оперираат“ на најфреквентните улици и јавниот превоз
Туристки кои во саботата некаде по 14 часот и 30 минути купувале сладолед во центарот на Сараево биле ограбени додека ја чекале својата нарачка.
Порталот Фактор.ба доби видео на кое се гледа девојка која стои зад туристите, а потоа од една од нив зема паричник.
Сè се случувало на улицата Ферхадија во центарот на главниот град на Босна и Херцеговина, пред едно од продажните места за сладолед, додека жените одлучувале кој вкус на сладолед ќе го одберат.
Проблемот со џепните кражби е изразен во Сараево во последните неколку години, на мета најчесто се туристите, а џепчиите најчесто „оперираат“ на најфреквентните улици и јавниот превоз.