Улицата „Ловќенска“ 4 со нов асфалт

23

Општина Карпош ја реконструираше улицата „Ловќенска“ 4, во населбата Козле.

Како што информираат оттаму, поставен е нов асфалт на оваа сообраќајница во должина од 530 метри и широчина од 3,5 метри.

-„Ловќенска“ 4 повеќе години беше во руинирана состојба, поради што беше отежнато движењето на граѓаните кои живеат во овој дел од Карпош. Со обновата на улицата, се олеснува пристапот до нивните домаќинства, но и се зголемува сообраќајната безбедност-потенцираат од локалната самоуправа.

Во изминатиот период, се реконструираа повеќе улици во Карпош: „Новопроектирана“ во Криви Дол, 12 пристапни улици во Бардовци, „Вангел Дину“ во Влае 2 и др.

Локалната самоуправа продолжува со тековното одржување на инфраструктурата, но и со изведба на нови улици, особено во периферните делови на Карпош.