Улицата „Индустриска“ во Гевгелија добива атмосферска канализација

54

Се инсталира атмосферска канализација на улицата „Индустриска“, во стопанската зона на влезот во Гевгелија. На дел од оваа улица, како и на дел од новопланираната сервисна улица, веќе се поставува канализациската линија за атмосферски води со што ќе се реши најгорливиот проблем со поплавување на стопанските капацитети со кој вработените се соочуваа по секој пообилен дожд.

Од Општина Гевгелија посочија дека целиот зафат чини три милиони денари, од кои, нешто повеќе од 1,7 милиони денари се добиени преку грант од проектот за подобрување на општинските услуги, а 1,3 милиони денари се сопствено учество.

Изведбените работи продолжуваат и во станбената населба Караорман каде се поставува водоводна линија на три улици, проект чија што вредност изнесува 4,5 милиони денари, потврдија од општината.