Украинските војници почнаа обука во Германија

38

Украинските војници денеска почнаа обука во Германија за управување оклопна хаубица 2000.

Министерството за одбрана на Германија соопшти дека украинските војници се во воената школа во Идар-Оберштајн. Обуката обично трае 40 дена, но може да се скрати доколку војниците имаат одредени предзнаења.

Германија планира да испрати седум оклопни хаубици 2000 во Украина. Пет такви возила ќе испорача и Холандија во Украина, а обуката се одржува во договор со Хаг.