Дома ЕКОНОМИЈА Украина ќе тужи три европски земји

Украина ќе тужи три европски земји

118

Украина планира да ги тужи Полска, Унгарија и Словачка поради забраната воведена за украинските земјоделски производи, изјави денес за Политико украинскиот трговски претставник Тарас Качка.

Ограничувањата кои ЕУ ги воведе во мај им овозможија на Полска, Бугарија, Унгарија, Романија и Словачка да забранат увоз на украинска пченица, пченка, маслена репка и сончоглед на своја територија, иако дозволија транзит на таквата стока за увоз во други земји.

Имајќи предвид дека Европската комисија одлучи да не ја продолжи забраната за увоз на петте соседни земји на Украина, Полска, Словачка и Унгарија во петокот најавија сопствени ограничувања на увозот на украинските житарки, Варшава, Братислава и Будимпешта наведуваат дека дејствуваат во интерес на своите економии и дека со овој потег сакаат да ги заштитат своите земјоделци.

„Важно е да се докаже дека тие дејства се правно погрешни. Затоа утре ќе почнеме правна постапка“, кажа Качка и додаде дека Украина би можела да ѝ воведе на Полска реципрочни мерки ако Варшава не се откаже од оваа одлука. „Тогаш би биле присилени да возвратиме на дополнителни производи и би забраниле увоз на овошје и зеленчук од Полска“, кажа тој за бриселски Политико.