Во март годинава руските сили го бомбардираа театарот во Мариупол во кој се криеле неколку стотини цивили. Во тој напад се убиени околу 300 украински цивили.
Украинските вооружени сили наведуваат дека руските окупатори во Мариупол наредиле телата во театарот да се прекријат со бетон и да се употреби хлор за да се прикрие мирисот на лешеви, обаји Sky News.
Овој извештај бил потврден и од локалните жители кои сведочеле дека на градежниците им било речено да не се замараат премногу и да не ги извлекуваат телата од под урнатините, туку да ги прекријат со бетон.