Украина победи на Евровизија!

843

Фолк-рап бендот „Калуш Оркестра“ со песната „Stefania“ и ја донесе победата на Украина во финалето на 66. Евровизија. Победата им ја донесе најголемиот број гласови од публиката, убедливи 631 глас. Тоа и се очекуваше, со оглед на најавената поддршка за земјата, која е во војна со Русија.

Веднаш зад нив е Велика Британија, додека соседна Србија е на високото петто место. Во финалето настапија 25 земји, а се пееше на 12 јазици.

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски претходно ги повика сите да гласаат за Украина наспроти заканите од руските хакери дека ќе ги блокираат гласовите за украинската песна.