Украден часовникот на Медведев од 200.000 евра

42

Најдобриот руски тенисер Данил Медведев, загуби во финалето на завршниот Мастерс, но тоа не беше единствената непријатност за него во Торино. Покрај загубениот меч од Германецот Александар Зверев, за време на финалето Русинот бил ограбен. Нему од соблекувалната му бил украден часовник вреден 200.000 евра.

Медведев веднаш го пријавил случајот во полицијата, а ќасовникот веднаш  бил пронајден. Еден од менаџерите на турнирот го пронашол предметот и му го вратил на Медведев, но истрагата продолжила и потоа. Сепак, случајот е незгоден, бидејќи менаџерот нагласил дека часовникот бил предаден преку неколку луѓе, пред да се врати на сопственикот.