Укината забраната за тешки товарни возила на патот Македонски Брод-Прилеп преку Барбарос

43

Од 21:00 часот е укината забраната за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Македонски Брод – Прилеп преку планинскиот превој Барбарос, информираат од Автомото сојузот на Македонија.

Претходно, оттаму информираа и дека е нормализиран сообраќајот на патниот правец Маврово – Дебар во близина на манастирот „Св.Јован Бигорски“, кој поради свлечиште беше во прекин.