Ужас во Австралија:Лекарите се борат да ѝ ја спасат раката, откако ротфајлер ја нападнал својата сопственичка

342

Австралијка била нападната од нејзините две кучиња во дворот, а соседите го слушнале нејзиниот крик и набрзина и пришле на помош. Полицијата со истрел успеала да го спречи нападот на кучето. Жената е во тешка состојба во болница, а лекарите ќе ја оперираат за да се обидат да ѝ ја спасат раката,пишува Дејли Мејл.

Лекарите се борат да ја спасат раката на 31-годишната Австралијка Никита Пил, која во саботата беше нападната во дворот од нејзините две миленичиња – ротвајлерите Бронкс и Харлем.

Таа се здобила со сериозни повреди на рацете и нозете и се уште е во тешка состојба во болницата Ројал Перт. Најверојатно ќе мора да ја оперираат за да ѝ ја спасат ракатa.

Болните крици на Никита ги вознемириле соседите кои очајнички се обидувале да ги спречат кучињата. Удирале по оградата и ги прскале кучињата со вода од цревото, но сите обиди биле залудни.

Соседот Брин Спенсер изјави дека се обидел да го спречи нападот, но не можел да влезе во дворот без да се загрози.

„Размислував да ја прескокнам оградата и да влезам внатре за да ја спасам, но очигледно внатре имаше два ротфајлери… Ќе бев растргнат“, изјави тој за Еј-Би-Си.

„Се што можев да направам е да го гледам девојчето како се распарчува, додека јас удирав со палка по оградата, а другиот сосед го прска кучето“, додаде тој.

Полицајците прво се обиделе да ги запрат кучињата со пиштол за шок, но не успеале. Нападот заврши кога полицијата пукаше и го уби седумгодишниот Бронкс, откако утврди дека кучињата се крајно агресивни и дека животот на Никита е во опасност. Кучето подоцна било евтаназирано од ветеринари.

Другото куче, четиригодишниот Харлем, останува во објектот во градот Кокбурн додека полицијата истражува зошто миленичињата го нападнале нивниот сопственик.

Пил итно бил пренесен во болницата Ројал Перт и и понатаму е во тешка состојба. Таа има изгубено многу крв, има тешки рани од каснување на екстремитетите и ја чека операција за да се обиде да и ја спаси раката.

Никита е страствен љубител на ротфајлери, а своето куче Бронкс го опиша како „целиот свет – лојален, интелигентен и заштитнички настроен“.

Во Западна Австралија се забранети четири раси на кучиња, вклучувајќи аргентински и бразилски борбени кучиња, јапонска тоса, пит бул териер и преса канарио.

Ротфајлерите не се забранети во Австралија, но имаат репутација на агресивни кучиња. Извештајот од Детската болница во Сиднеј од 2022 година покажа дека нападите од  ротфајлерите се третиот најпријавен напад врз деца.

Податоците опфатиле 628 пациенти кои имале повреди поврзани со кучиња од 2010 до 2020 година и откриле дека нивната просечна возраст е само пет години.

Најмногу пријавени напади се забележани од питбули со 10,3 отсто, потоа од лабрадори со 8,5 отсто и ротфајлерите со 6,8 отсто.