УЕФА им забрани на Австријците да ја свират својата хит-песна

186
epa09291421 Fans of Austria celebrate after the UEFA EURO 2020 group C preliminary round soccer match between Ukraine and Austria in Bucharest, Romania, 21 June 2021. EPA-EFE/Robert Ghement / POOL (RESTRICTIONS: For editorial news reporting purposes only. Images must appear as still images and must not emulate match action video footage. Photographs published in online publications shall have an interval of at least 20 seconds between the posting.)

Европското фудбалско раководно тело, УЕФА, нема да дозволи австриската репрезентација да го користи хитот „L’amours toujours“ како своја химна на ЕП 2024 во Германија, изјави шефот за односи со јавноста на УЕФА, Кристијан Визмајр, во изјава за германската новинска агенција „dpa“. Песната има речиси половина милијарда прегледи на „Јутјуб“.

Песната, снимена од италијанскиот диџеј Џиџи д’Агостино, беше вклучена во серија инциденти. Имено, гледачите на натпреварите во Германија извикуваа несоодветни, расистички пораки во мелодијата на децениската поп-песна. Австрискиот фудбалски сојуз (ОЕФБ) ја коментираше оваа одлука преку соопштение за медиумите.

– ОЕФБ јасно се залага за толеранција, различност и за интеграција и е посветена на промовирањето соживот, со почит во сите области на општеството. По неодамнешните инциденти на злоупотреба, песната нема да се пушта на натпреварите на австриската репрезентација.

Со песната, австриските репрезентативци славеа големи победи и таа редовно се свиреше веднаш по последниот судиски свиреж. Затоа OEFB ја вклучи „L’amours toujours“ во плеј-листата за ЕП 2024, која беше испратена до УЕФА за одобрување во март. УЕФА, пред неколку дена, го извести здружението дека не може да се пушта таа песна на германските стадиони.