Од извршените контроли, како што е наведено во соопштението од УЈП, биле утврдени неправилности кај 49 даночни обврзници. Контролите биле спроведени според Законот за регистрирање готовински плаќања (ЗРГП), во вкупно 108 објекти. За констатираните прекршоци, согласно со Законот за регистрирање готовински плаќања (ЗРГП), од Управата за јавни приходи се изречени глоби за даночните обврзници и за одговорните лица

 

 

Даночните инспектори и контролори, изминатиов викенд, извршиле повеќе контроли во туристичко-угостителските објекти во Охрид, Струга и во Дојран, соопшти Управата за јавни приходи. Контролите биле спроведени според Законот за регистрирање готовински плаќања (ЗРГП), во вкупно 108 објекти.

Од извршените контроли, како што е наведено во соопштението од УЈП, биле утврдени неправилности кај 49 даночни обврзници.

– Неправилностите се однесуваат на: прекршок согласно со член 21-б од Законот за регистрирање готовински плаќања, за неиздавање фискални сметки за извршениот промет на добра (член 2); прекршок согласно со член 21 од Законот за регистрирање готовински плаќања, доколку не закупи и не регистрира резервна фискална апаратура (член 13); прекршок согласно со член 21 од Законот за регистрирање готовински плаќања, доколку не води книга за дневните финансиски извештаи (член 11 став 4); прекршок согласно со член 21-а од Законот за регистрирање готовински плаќања, доколку не води итна сметководствена книга за извршениот промет на добра, односно на услуга (член 12 став 2); прекршок согласно со член 21 од Законот за регистрирање готовински плаќања, доколку не поставил на видно место соопштение со кое го информира купувачот на добро, односно корисникот на услуга, за неговата обврска да бара фискална сметка (член 7); прекршок согласно со член 21-а од Законот за регистрирање готовински плаќања, доколку не ги чува и одржува во исправна состојба фискалните апарати (член 14 став 1) – се наведува во соопштението од УЈП.

За констатираните прекршоци согласно со Законот за регистрирање готовински плаќања (ЗРГП), од Управата за јавни приходи се изречени глоби за даночните обврзници и за одговорните лица.

Согласно Законот за регистрирање на готовински плаќања даночните обврзници кои вршат  промет на добра и промет на услуги за кои плаќањето не се извршува по банкарски пат, односно плаќањата ги вршат во готово (готовински плаќања), должни се да да воведат и користат одобрен фискален систем на опрема за регистрирање на готовински плаќања и задолжително да издаваат фискална сметка за извршениот промет односно услугата.

– Ги повикуваме граѓаните што се соочуваат со неиздавање фискална сметка или им се издава сметка што не ги содржи елементите на фискалната сметка, да пријават на бесплатните телефонски линии на УЈП – 198 или да поднесат претставка писмено во канцелариите на УЈП или на и-мејл на info@ujp.gov.mk, како и преку апликацијата „МојДДВ“ – се наведува во соопштението.

Од Управата за јавни приходи посочуваат дека редовно вршат контроли над спроведувањето на одредбите од Законот за регистрирање готовински плаќања. Основ за постапување е самиот Закон, а се вршат контроли и по пристигнати пријави на линијата 198, пријави во писмена форма на инфолинијата, контроли координирани со други институции, како и контроли согласно со годишниот план на Управата за јавни приходи.