Угостителите бараат протоколи за прослави

132
Угостителите бараат што побрзо донесување на соодветни протоколи кои би се почитувале за контролирано одржување на прослави и настани во угостителските објекти за да се спречи отпуштање на вработени.
Од Туристичко угостителската комора при Сојузот на стопански комори на Македонија велат дека дел од капацитетите во оваа дејност веќе половина година воопшто не работат поради неизготвување на протоколи.
-Туристичко угостителската комора уште на почеток на месец јули, изготви предлог-протоколи за работа според кои се предвидува работа во контролирани услови и иако во Комисијата беа оценети како прифатливи, се уште не се донесени. Безбедносниот аспект мора да биде максимално запазен согласно протоколите за работа. Во спротивно како и досега ќе се соочуваме со приватно во сопствена режија организирање на прослави без соодветни безбедносни протоколи, изјави Мартин Ангеловски, потпретседател на Туристичко-угостителската комора.