Таа е дива, нескротлива, сензуална, впечатлива, ексцентрична и со стил. Таа е сè, само обична не, а веќе го промовираше и нејзиниот прв сингл „Kуш“, на Јутјуб каналот на Урбан Рекордс. На овој видеоспот му претходеше едно неофицијално и необично видео на Тракер што претставуваше најава за нејзиниот официјален прв спот. Во претходното нивно видео можевме да видиме како Тракер и Луна сериозно се подготвуваат за снимањето на нејзиниот прв видеозапис проследен со едно големо добредојде на Луна во фамилијата на Урбан од останатите членови.
Oсвен што се занимава со пеење, дваесет и едногодишната Луна е и инструктор по скијање во еден од најпопуларните зимски центри во регионот – Копаоник, соседна Србија, каде ќе работи дури до март. Поради обврските околу спотот и промоцијата таа е на релација Скопје-Србија.
Видеоспотот се снимаше во Про Лајт Студио. Во видеозаписот Луна менува неколку интересни модни комбинации, во друштво е со Тракер, а присутна е и една доста интересна бела мечка – маскота. Го изработи Гордан Божиновски – Год Ај Продукција. Песната е во трап-стил, текстот и музиката се на самата Луна, аранжман/бит, микс и мастеринг се на хитмејкерот Иван Јованов – Ивајо.
(Маја.А) – фото: приватна архива