Водителката да не се грижи!

Само за кусо потсетување, Милена Анатовска-Станковска, ТВ-лице од „Канал 5“, се породи пред седум месеци, и тоа на Василица. Оттогаш до денес, иста си е – згодна, привлечна. Така мисли ТВ-публиката, но не и таа.

– Искрено, се двоумев дали воопшто да постирам фотографии од мене ова лето, само затоа што не сум задоволна од мојата моментална тежина, како и од стомакот, кој никако да ми спласне по раѓањето на Јоана. Навикната сум цел живот да имам убав, рамен стомак, ама по царскиот рез и зголемениот апетит, ќе почекам малку, ха-ха-ха.
Ама, ете, гајле ми е затоа што си имам две златни дечиња и сопруг, кој беше принуден да ме слика.

Не направив никаква корекција, додадов само малку боја на фотографиите – интригантно порачува насмеаната Милена.

Ова лето 2022, Милена, заедно со сопругот Гордан, малата Лана Марија и бебето Јоана, ги поминува деновите многу радосно.

Иако е загрижена поради стомакот кој, според неа, не е рамен, водителката, според многумина, одлично изгледа во овие топли августовски денови. Се разбира, во бело-розово бикини со нежен бел сламен шешир, под палми. Мислиш сликана е на некоја далечна егзотична плажа. А не е, туку е во својот двор, кој мириса на море, на езгзотика, на олеандри, на плажа… Целиот амбиент одлично ѝ прилега, а тоа ѝ го потврдија и фановите со коментарите.(Д.М.)