Уапсен синот на Мирза Делибашиќ поради киднапирање

166

Припадниците на полицијата денеска го уапсиле Дарио Делибашиќ, синот на легендарниот кошаркар Мирза Делибашиќ, поради сомнение дека на 20 април учествувал во киднапирање на Турчинот Тамер Килерџија, сопственик на бар во Сараево. Оваа информација е потврдена и од обвинителството во БиХ.

Според медиумите во БиХ, Делибашиќ им ја изнајмил викендичката на киднаперите, кои наводно се граѓани на Србија и Црна Гора.

Мирза Делибашиќ беше сметан за еден од најдобрите „шутери“ во историјата на европската кошарка, а во 1991 година беше прогласен за еден од најдобрите 50 кошаркари според ФИБА, за во 2007 година да влезе во Куќата на славните на ФИБА.