Уапсен е Љупчо Палевски – Палчо! Отворена истрага за двете убиства

Преку Србија и Бугарија заминал во Турција каде е уапсен врз основа на меѓународната потерница преку Интерпол

5487

Љупчо Палевски, првоосомничен за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, преку Србија и Бугарија заминал во Турција каде е уапсен врз основа на меѓународната потерница преку Интерпол. Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски синоќа на вонредна прес-конференција ја опиша траекторијата на движење на Палевски.

Како што кажа Спасовски, Палевски со својот адвокат со возило заминал за Србија каде е оставен во хотел. Следниот ден го презема друго лице од Скопје со џип „ренџ ровер“ и преку граничниот премин Градина влегува во Бугарија.

Има транспорт низ територијата на Бугарија и влегува во Турција каде оди во Бали Кесир.

– Нашите служби од Центарот за меѓународна полициска соработка стапуваат во контакт директно со властите и полицијата и еден нивни оперативен извор кој за кратко време ни врати повратна информација дека лицето се наоѓа во Бали Kесир и ни кажа за неговите намери дека оттука сака да замине за Истанбул.

Се подготвувал со такси возач да оди во Истанбул и тука симулирал дека ќе оди и повторно се враќа назад во Бали Кесир.

Вчера попладне е уапсен од страна на турската полиција додека се движи пешки по еден од автопатите во Баликесир, посочи Спасовски.

Засега нема потврдени сознанија за крајната дестинација на која сакал да оди Палевски.

– Кога ќе дојде тука, ќе се разговара за се. Кога ќе заврши целиот процес на истрагата, ќе ги добиете информациите, рече Спасовски.

Спасовски очекува брза екстрадиција на Палевски

Спасовски на прашање дали 14-годишната Вања била задушена или починала од прострелна рана, рече дека се работи за прострелна рана.

„Точниот наод на обдукцијата ќе покаже, меѓутоа прострелна рана е во прашање, рече Спасовски на вонредната прес-конференција.

Четиринаесетгодишната Вања Ѓорчевска починала од прострелна рана, а не од задушување

Во однос на тоа дали е најден пиштолот со кој е пукано, министерот Спасовски рече дека се најдени два пиштола во Скопје кои треба да се вештачат за да се утврди дали е тоа оружјето со кое е убиено девојчето.

Спасовски ја објасни траекторијата по која бегал Палевски

Вања беше пријавена за исчезната на 27 ноември, а во неделата на 3 декември е пронајдено нејзиното тело во Бразда во околината на Скопје.

ОЈО поведе истражна постапка за пет лица – ова се кривичните дела за кои ќе одговараат