Уапсен Владимир Атанaсовски поранешниот директор на УБК

20

Поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање Владимир Атанасовски вечерва е уапсен.

Од МВР потврдија за МИА дека Атанасовски е уапсен на барање на Јавното обвинителство и се наоѓа на распит во Кривичниот суд.

Атанасовски вчера беше посочен од дел од обвинетите од настаните од 27 април во Собранието на РМ дека преку Алескандар Василевски – Нинџа го организирал упадот во Парламентот, а претходно, според сведоците,  дал наредба и за палење на куќите на Радмила Шекеринска и Петре Шилегов.

Владимир Атанасовски го наследи директорското место во УБК од Сашо Мијалков во 2016 година.