Уапсено едно лице во Софија – објавувал ксенофобични коментари поврзани со несреќата

211

Службеници на Генералната дирекција за борба против организиран криминал по добиен сигнал приведоа дваесет и четиригодишен маж во Софија во врска со тешката сообраќајна несреќа со автобус на автопатот Струма, во која загинаа 45 лица, а уште 7 се повредени, соопшти бугарското МВР.

Тој бил приведен на територијата на Софија од полициските службеници по добиен сигнал.

Според податоците, тој досега на Фејсбук објавил коментари поврзани со трагичната несреќа со патничкиот автобус на автопатот Струма, кои не се во согласност со моралните и етичките норми.

Материјалите се пријавени во Окружното обвинителство на Софија за кривично дело од чл. 162 од Кривичниот законик – проповедање на омраза врз основа на националност преку информациски систем.