Уапсени девет лица по уривањето на пешачкиот мост во Индија

71

Индиската полиција уапси денес девет лица, откко на западот на земјата се урна пешачки мост, каде што загинаа најмалку 134 лица, меѓу кои имаше и многу малолетници.

Меѓу уапсените се продавачи на карти и изведувачи на работи на мостот, кој во неделата навечер се урна во сојузанта држава Гиџарат,пренесува Ројтерс.

Главниот инспектор Ашок Јадав рече дека полицијата формирала посебен истражен тип и дека се уапсени менаџери оператори на мостот, од групата Орева и нивниот персонал.

„Неможеме да им дозволиме на виновниците да избегаат,нема никого на поштедиме“, рече Јадав.

Мостот кој неодамна е реновиран е стар 143 години, а повторно беше отворе четири дена пред несреќата, пренесува АП.

На снимките со надзорните камери, кои се направени непосредно пред уривањето на мостот, се гледа група младичи кои фотографираат, додека други се обидуваат да го занишаат мостот пред да паднат во реката, пренесе Ројтерс.

Пешачкиот мост, долг 230 метри од колонијалната ера, реле Макшу во центарот на градот Морби, беше преполн со посетители кои се собираа по повод фестивалот на светлоста.

Властите соопштија дека повеќе од 400 луѓе биле на и околу мостот во моментот на уривањето.

Полицијата покрена кривична постапка против неименувани лица одговорни за обновата, одржувањето и управувањето со мостот, а властите формираа петчлена комисија која ќе ги истражува причините за несреќата.