Жена од Честер (55) е уапсена за лажни објави за убиствата во Саутпорт, каде три девојчиња беа убиени, а осум деца беа повредени во напад со нож во студио за танц на 29 јули.
Како што пишува Гардијан, жената е уапсена поради сомнение дека на социјалните мрежи објавила неточни информации за идентитетот на осомничениот за убиствата во Саутпорт.
„Сите ги видовме насилните немири кои се случија низ Обединетото кралство во текот на изминатата недела, од кои голем дел беа поттикнати од злонамерни и неточни информации на интернет. Сите ние сме одговорни за нашите постапки, без разлика дали се онлајн или не“, рече началникот на полицијата Алисон Рос.