Тимот на ТФТ Скопје се покажа како најнезгоден противник во кошаркарското првенство на Македонија, а тоа го потврди и на дуелот против Пелистер, совладувајќи го со 89:78. Со овој пораз тимот од Битола го загуби првото место на табелата во Суперлигата, па актуелтниот шампион МЗТ Скопје има идеална шанса да остане на чело и од таму да ја брка титулата во елиминациската фаза, каде ќе ја има предноста на домашен терен при евентуална мајсторка.

На вториот натпревар, Гостивар го победи Феникс 2010 како гостин со 60:73, а најефикасен во победничката екипа бил Ефремовски со 15 поени.